ДОДЕЛЕНИ 10 ВАУЧЕРИ ЗА БЕСПЛАТНО ЛЕТУВАЊЕ НА ДЕЦА ОД НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и маркетинг-менаџерот на реномираната компанија „Кожувчанка“ Ратко Мицев на пригодна свеченост на 10 дечиња од социјално ранливи категории  од општината им доделија ваучери со кои им се овозможува 8-дневни бесплатно летување во детското одморалиште Михајлово. Потребните средства во висина од 60.000 денари ги обезбеди генералниот директор на Кожувчанка Митко Јанчев кој во име на компанијата со која раководи позитивно одговори на иницијативата на градоначалникот Апостолов на одреден број на дечиња да се пружи можност бесплатно да летуваат. Предвидено е децата на одмор да заминат на 30 јули заедно со други деца од општината и во Михајлово покрај комплетно обезбедениот целодневен аранжман, ќе можат во забава и другарување да поминат убави моменти заедно со своите врсници. Градоначалникот Апостолов и маркетинг-менаџерот Мицев потенцираа дека општината и Кожувчанка како општествено одговорна компанија и во иднина ќе ја продолжат одлично воспоставената соработка на задоволство на сите сегашни и идни потенцијални корисници на придобивките од соработката.