ДОНАЦИЈА ОД „ДРЕКСЛМАЕР“ ЗА НЕГОТИНСКАТА ГРАДИНКА ОД 1.200.000 ДЕНАРИ PDF Печати

   Благодарение на одличната соработка што неготинската локална самоуправа ја има со германски „Дрекслмаер“ на иницијатива на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, а  во консултации со раководниот тим на компанијата, за потребите на детската градинка „Фемо Кулаков“ претставници на „Дрекслмаер “ донираа опрема во вредност од 1.200.000 денари. Донацијата ја врачија претставнците на менаџерскиот тим на германската компанија Лукас Мирингер и Ѓорѓи Треновски кои истакнаа дека по сеопфатно направени анализи и во договор со градоначалникот Апостолов се одлучиле донацијата да се намени за потребите на дечињата кои престојуваат во двата клона на градинката, со што уште еднаш „Дрекслмаер“ на дело  го покажува високиот степен на општествена одговорност. Станува збор за донација во опрема и тоа 195 нови креветчиња и душеци и 125 анатомски столчиња што претставува над 60 отсто од целокупно потребната опрема за градинката. Заблагодарувајќи се на донацијата и доделувајќи им пригоден подарок на Мирингер и Тренковски, градоначалникот Апостолов потенцираше дека како резултат на постојаните контакти со раководниот тим и одличната соработка, досега во германскиот гигант „Дрекслмаер“ се вработени околу 1.000 лица од општина Неготино со тенденција, доколку има потреба, нивниот број континиуирано да се зголемува. Претставниците пак на „Дрекслмаер“ додадоа дека и понатаму ќе донираат онаму каде што има потреба, со единствена цел за подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните на општина Неготино и на регионот.