СПРОВЕДЕНО ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ И СКАКУЛЦИ PDF Печати
   Цела територија на општина Неготино беше опфатена со реализираното ноќно машинско прскање против комрци и скакулци што го спроведува стручни лица од Центарот за јавно здравје Велес и вработени во локалната самоуправа. Приоритет при прскањето беше даден на централното градско подрачје и градскиот кеј, течението на реката Вардар, селата Криволак, Војшанци и Тремник, просторот кај депонијата, односно опфатени беа сите локации кои се сметаат за критични за појава и присуство на кормарци. Се прскаше со препаратот аква-котрин кој се смета за најефикасен при уништувањето на комарците, а оваа активност беше спроведена согласно годишната Програма за работа на локалната самоуправа за преземање мерки за заштита на населението од заразни болести и оперативниот план за дезинсекција, дезинфекција и дератизација на територијата на нашата општина. Имајќи предвид дека во овој период е забележано и масовно присуство на скакулци на ова подрачје, стручниот тим од Центарот за јавно здравје од Велес изврши и прскање со употреба на препарати за уништување на скакулците, со напомена дека за 3 недели ќе следува уште едно прскање против скакулци.