ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ ДОДЕЛИ 28 ВАУЧЕРИ ЗА НОВОРОДЕНЧИЊА PDF Print
There are no translations available.

   Следејќи ја политиката на Владата на РМ, на предлог на градоначалникот Ванчо Апостолов, кон крајот на септември, минатата година, Советот на општината донесе одлука за доделување вредносни ваучери во висина од 7.000 денари за секое новородено дете на подрачјето на општина Неготино. Мерката во пракса се спроведува веќе 10 месеци, а на почетокот на јули градоначалникот Апостолов на пригодна свеченост додели 28 ваучери на семејства кои имале новороденчиња во мај и во јуни. Како што истакна Апостолов во пригодното обраќање пред присутните во изминатиот период од кога е започнато спроведувањето на оваа мерка, општина Неготино има доделено вкупно 150 ваучери, што значи дека месечно се раѓаат во просек околу 15 бебиња. За реализацијата на проектот на годишно ниво од Буџетот на општина Неготино предвидено е да се издвојуваат околу 1,5 милион денари.