ЗАВРШИ АСВАЛТИРАЊЕТО НА ПАТОТ ОД КУРИЈА ДО ПАЛИКУРА PDF Печати
   Работници на Градежното претпријатие Гранит ги зваршија асвалтерските работи на патот Курија – Паликура во должина од околу 3 километри – проект за кој беа издвоени средства во висина од 25.000.000 денари, а заеднички го спроведоа општините Неготино и Росоман со поддршка на Агенцијата за државни патишта. За разлика од порано, сега жителите на двете села на располагање имаат нов, модерен и асвалтиран патен правец од и до Курија и Паликура, а покрај нив бенефитите ќе го користат и огромниот број земјоделци кои на овој потег имаат сопствени површини со разни култури. Градоначалниците Ванчо Апостолов и Стојанче Лазов кои беа на терен искажаа задоволство од одлични изведената работа од страна на ГП Гранит, а асвалтираниот пат покрај за зголемувањето на безбедноста на сообраќајот, ќе придонесе за многу полесен и побезбеден транспорт на земјоделските производи од овој регион кои се носат до откупните центри, без разлика дали станува збор за праски, сливи, грозје или други култури. Наедно, на инсистирање на градоначалникот Апостолов, а по барање на месното население, се изврши тампонирање на една улица во Курија во должина од 150 метри, а се уред и просторот пред селските гробишта.