ОДРЖАНА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДОТ ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   Во салата на општината се одржа јавна презентација за издржливоста на физибилити студијата за изводливост на проектот „Реконструкција на водоводната мрежа во Неготино и изградба на нов резервоар за вода од 500 м3“ - што претставува дел од сетот-мерки и проекти што општината ги предвидува за реализација со единствена цел за подобрување на водоснабдувањето во градот и обезбедување на 24 часовно континуирано и редовно водоснабдување на граѓаните. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов ги запозна присутните дека после 60 години ќе дојде до реконструкција на водоводониот систем во Неготино кој е во должина од околу 70 километри, со тоа што ќе бидат опфатени 15 улици во должина од 8 километри кај кои стручни лица од ангажирана реномирана фирма утврдија дека има најголеми загуби кои на некои места достигнуваат и до 70 отсто од количините кои доаѓаат до домовите на граѓаните. Инаку, во моментов до Неготино од регионалниот водовод Лукар дотекуваат 77 литри вода во секунда-количини кои би биле доволни за нормално водоснабдување, ако не се присутни големиот број на дефекти кои придонесуваат за нејзино губење. Проектот ќе се реализира со кредитни средства од Светска банка во висина од 850.000 евра со каматна стапка од 0,6 проценти, грејс-период од 3 години и рок на отплата од 10 години.