ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ СО ПРИЕМ ЗА ГФК,, НЕГОТИНО ,, PDF Print
There are no translations available.

   Младите фудбалери, тренерите и раководството на клубот денеска беа на прием кај градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, а поводот беше освојување на првото место на меѓународниот фудбалски турнир ,, Липовица луси – 2014 ,, што се одржа во Белград. На турнирот покрај од Македонија, учествуваа екипи од уште 3 држави, а во мошне силна конкуренција со 4 победи во исто толкав број натпревари фудбалерите на ГФК Неготино – генерација 2005-та година го освои шампионскиот пехар совладувајќи го во финалниот меч тимот на домаќинот Липовица со резултат 2-1, а нашиот играч Борче Ристов со 8 постигнати гола е прогласен за најдобар стрелец на турнирот. Градоначалникот Апостолов им посака топло добредојде и им го честиташе успехот на младите играчи кои според него се иднината на неготинскиот фудбал и вети поддршка од локалната самоуправа во рамките на можностите. Претставниците пак на ГФК Неготино упатија јавна благодарност до градоначалникот за досегашната негова несебична поддршка за развој на фудбалот и спортот во општината.