НАСКОРО ПРОДАЖБА НА ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ ВО ИНДУСТРИСКА ЗОНА „ НЕГОТИНО “ PDF Печати
   ,, Извонредно атрактивната локација во централното подрачје на нашата држава, на десеттина метри регионален пат и автопатот Е-75, железничка пруга во непосредна близина и други околности придонесуваат за огромен интерес кај заинтересираните правни и физички лица за купување на градежни парцели во Индустриската зона Неготино во близина на Црвени Брегови ,, - истакна во денешната изјава за медиумите градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Градоначалникот информираше дека штом се создадат услови, а тоа се очекува да биде мошне скоро, ќе следи и втората објава за продажба на градежни парцели во оваа индустриска зона на вкупна површина од околу 18 хектари, со апел до заинтересираните да ја посетатат локалната самоуправа и од страна на стручните служби да бидат точно и навремено информирани за бројот на парцели кои ќе се понудат на продажба и нивната површина. Почетната цена на јавното наддавање ќе изнесува 1 евро за метар квадратен. Инаку, при првата објава, беа купени сите парцели понудени на продажба на вкупна површина од 12,2 хектари.