ЖИТЕЛИТЕ НА КРИВОЛАК ДОБИЈА СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ НА ДВОРНИТЕ ПОВРШИНИ PDF Print
There are no translations available.

   Со изградба и поставување на мрежа во должина од околу 600 метри, во селото Криволак завршија работите околу изградбата на систем за наводнување на дворните површини –проект финансиран со средства од Буџетот на општина Неготино во висина од 1.200.000 денари. Како што информираше градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој денеска оствари работна посета на Криволак, основна цел на овој проект е преку користењето на каналската вода од хидросистемот на Тиквешко поле за наводнување на дворните површини на ,, криволачани ,, да дојде до заштеда на водата за пиење. Ова од причина што голем број на жители на Криволак располагаат со поголеми дворни површини на кои не ретко одгледуваат и земјоделски култури, па сега истите ќе можат да ги наводнуваат со каналската вода, а санитарната вода да ја користат и да ја имаат во поголеми количини за задоволување на другите основни потреби.