ТУРСКИ ИНВЕСТИТОР ЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА САПУН ВО НЕГОТИНО PDF Печати
   Турски инвеститор е заинтересиран во Неготино да отвори во прво време фабрика за производство на сапун, а во догледно време и за производство на машини кои би биле во функција на целиот проект. За таа цел денеска сопственикот на фабриката ,, КМС ,, од Турција Хусеин Кучук оствари работна средба со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на која го информираше дека неговата фирма има фабрики за производство на сапуни во вкупно 17 држави во светот, а сега сака ваква фабрика да отвори и во Неготино. Кучук истакна дека машините во Ајдин се подготвени за транспорт во Македонија и веднаш по наоѓањето на соодветна локација за отворање на фабриката, истата би започнала со производство. Градоначалникот го запозна гостинот дека во градот има 2-3 постоечки празни капацитети кои инвеститорот би можел да ги искористи за старт на производството, а им ја презентираше и можноста за купување на градежни парцели во Индустриската зона Неготино кај Црвени Брегови. Двајцата соговорници се согласија дека Неготино има одлична местоположба, транспортна поврзаност со Балканот и Европа и токму затоа турскиот бизнисмен се одлучил да инвестира во отворање фабрика за производство на сапун во Неготино.