ПАРТЕРНО СЕ УРЕДУВА ЦЕНТАРОТ ВО ДОЛНИ ДИСАН PDF Печати
   Работници на ГП Урбан инвест веќе извесен период се присутни на терен и работно се ангажирани околу градежните активности за партерно уредување на централното подрачје во Долни Дисан. Досега е извршено поставувањето на бекатон коцки, се работи на поставувањето на жардинериите, ќе се постави урбана опрема и  клупи за седење,скали, целиот простор ќе биде хортикултурно уреден со што ќе се оствари зацртаната цел- да се долови  еден урбанизиран ефект во овој дел од селото. Задоволството од изведувањето на работите не го кријат ниту локалните жители кои го поздравуваат реализирањето на проектот со кој ќе добијат пријатно катче за одмор и релаксација. Инаку, проектот се спроведува преку Програмата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој и мерката за обнова и развој на селата во делот на инвестиции за изградба и реконструкција на плоштади, зелени површини или шеталишта во руралните средини. Вкупниот буџет изнесува 7.700.000 денари од кои 6.500.000 се обезбедени од Агенцијата, а останатите 1.200.000 денари се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.