КОМПЛЕТНО РЕКОНСТРУИРАН ПАТОТ ТИМЈАНИК – Д.ДИСАН PDF Печати
   За рекордно краток временски период заврши комплетната реконструкција која финишираше со асвалтирање на еден од најфреквентните, но и најоштетени патни правци на подрачјето на општина Неготино, од Тимјаник до Долни Дисан во должина од околу 4,5 километри. Сега жителите на овие две населени места, сопствениците кое овде имаа земјоделски површини, како и сите патници на располагање имаат нов, модерен, современ и асвалтиран патен правец за чија реконструкција на првите 3 километри се  погржија работници на ГП Гранит, а останатиот 1,5 километар од патот го работеше ГП Пер-инженеринг. Инвеститор на реконструкцијата на првите 3 километри беше Агенцијата за државни патишта со средства во висина од 440.000 евра, додека вториот дел од патот во должина од 1,5 километар се уреди со средства од 220.000 евра обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со одредено финансиско учество и на општина Неготино.