ВО НЕГОТИНО ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА PDF Print
There are no translations available.

   По повод ,, 7-ми Мај ,, - Денот на македонската полиција во полициската станица во Неготино со пригодна свеченост се одбележа официјалниот дел од  годинашното одбележување на денот на македонската полиција. Присутните најнапред  со полагање на свежо цвеќе му  оддадоа почит на нашиот покоен сограѓанин Косте Волкановски кој како припадник на МВР го загуби животот во воените дејствија во 2001 година, при што цвеќе полжија делегација од општина Неготино предводена од градоначалникот Ванчо Апостолов, припадници на Полициската станица Неготино, претставници на Армијата на РМ, членови на полицискиот синдикат и други присутни. Во своето обраќање, градоначалникот Апостолов на сите припадници на полицијата им го честиташе празникот и им посака да имаат што помалку работа, а исто така го потенцираше и фактот дека благодарение на примерното и коректно однесување на граѓаните, општина Неготино спаѓа во редот на најмирните општини во Република Македонија. Апостолов рече дека досегашната соработка помеѓу локалната самоуправа и ПС Неготино е на високо ниво, изразувајќи надеж оти истата ќе продолжи и во иднина.