МИНИСТЕРОТ ЈАНАКИЕСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА СЕЛОТО ТРЕМНИК PDF Print
There are no translations available.

   Со цел за запознавање со текот на работите од втората фаза за изградба на фекална канализација, денеска во работна посета на село Тремник престојуваа  министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, кои на лице место извршија увид како се одвиваат градежните активности. Министерот Јанакиески информираше дека станува збор за проект вреден околу 13.000.000 денари обезбедени од Министерството за транспорт и врски од Европската инвестициона банка преку проектот Водоснабдување и одведување на отпадни води, при што со реализацијата на истиот целото село ќе биде покриено со фекална мрежа, а ќе се гради и одводен колектор и прочистителна станица. Градоначалникот Апостолов истакна дека станува збор за изградбана примарна мрежа од 3 краци од кои 1 во должина од 1.269 метри е целосно изведен, а во моментов течат работите на останатите 2 краци во должина од 1.682 метри. Со проектот ќе се изгради и одводен колектор во должина од 2.304 метри, како и изведба на прочистителна станица која ќе биде предтретман за примарно прочистување на водата. Министерот Јанакиески и градоначалникот Апостолов додадоа дека работите кои ги изведува ГД Изгрев течат според утврдената динамика и се очекува целиот проект да биде завршен до крајот на месец септември.