ПОСТАВЕНИ РЕКВИЗИТИ НА ДЕТСКОТО ИГРАЛИШТЕ КАЈ МУЗЕЈОТ ВО НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на заложбите на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и на локалната самоуправа за создавање што е можно поголем број катчиња за најмладите од градот и населените места, опрема и реквизити се поставени и на детското игралиште лоцирано во непосредна близина на градскиот Музеј. Колку за потсетување, вакви и слични реквизити се поставија на уште две локации – централното градско подрачје и детскиот забавен парк во населбата Саат-кула, а нивната  масовна посетеноста од страна на најмладите, говори дека станува збор за проект кој во потполност ги оправдува вложените средства. Меѓу другото, поставени се клупи, масички, нишалки со две седишта, лулашка со седиште, справа за одење со раце и многу други реквизити кои на најмладите им овозможуваат забава, а нивните повозрасни најблиски истакнуваат дека вакви пријатни и безбедни катчиња претставуваат одлични места каде што сите заедно можат во пријатна и релаксирана атмосфера да поминуваат дел од слободното време.