САНИРАНИ УДАРНИТЕ ДУПКИ НА ПОВЕЌЕ УЛИЦИ ВО НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

   Врз основа на добиените сознанија од извршените теренски согледувања од страна на стручните служби при локалната самоуправа, како и пристигнатите сугестии од страна на населението, општина Неготино пристапи кон санирање на ударните дупки на повеќе улици во градот каде што е констатирана потреба од изведување градежни зафати. За таа цел беа ангажирани работници на градежното претпријатие Гранит кои интервенираа и извршија санација на ударните дупки на улиците 8-ми Ноември, Борис Кидрич, Првомајска и други улици во Неготино. Притоа, најпрво се изврши отстранување на стариот асвалт, чистење на просторот и поставување на нова асвалтна маса на местото на ударните дупки. Од локалната самоуправа се надеваат дека ќе се постигнат очекуваните цели од реализираните активности преку зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот, и тоа како на моторизираните граѓани, така и на пешаците.