ОПШТИНА НЕГОТИНО СЕ ВКЛУЧИ ВО АКЦИЈАТА ,, МАКЕДОНИЈА ЗЕМЈА НА ЦВЕЌЕТО – ЗЕМЈА НА РОЗИТЕ ,, PDF Печати
Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, претставници на локалната администрација и вработени во ЈП Комуналец со засадување на рози на повеќе локации во градот се вклучија во Националната еколошка акција за засадување на рози под мотото ,, Македонија земја на цвеќето-земја на розите ,,. Кампањата, според зборовите на градоначалникот Апостолов, се спроведува по повод Денот на пролетта со единствена цел масовно да се засадат што е можно повеќе рози кои при денешната акција беа посадени во реконструираниот забавен парк во населбата Саат-кула, пред единаесеткатницата, долж улицата Маршал Тито, кај градскиот Музеј и на други локации, при што беа засадени над 600 рози. Розата, покрај тоа што е повеќегодишно цветно растение кое лесно се одгледува, има и исклучителна способност да ги акумулира тешките метали од водата, воздухот и почвата. Може да живее од 20 до 30 години, цвета уште во првата година од засадувањето и е расцветана 200 денови во годината.