ОПШТИНА НЕГОТИНО ЌЕ ДОБИЕ НОВО ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО PDF Print
There are no translations available.

   Следејќи го примерот на над 25 општини од Република Македонија кои на овој начин за потребите на Противпожарните единици обезбедија нови возила, Советот на општина Неготино го усвои Меморандумот за разбирање со претставникот на Операција Флоријан според кој на општина Неготино ќе и биде донирано противпожарно возило целосно опремено со неопходната опрема, како и опрема за спасување при сообраќајни несреќи. Исто така, за по 6 пожарникари од противпожарната и спасувачката служба од ППЕ-Неготино ќе бидат обезбедени еднонеделни обуки, а паралелно тимот на оценувачи составен од стручни лица ќе го ревидира и ќе го следи напредокот на договорениот акционен план, со единствена цел за потврдување на листата со сет мерки кои ќе се преземат за да се обезбеди континуиран развој на активностите на заедницата на општина Неготино и противпожарната испасувачката служба. Со новото возило ќе дојде до збогатување на возниот парк на ППЕ-Неготино и ќе се создадат услови за уште побрзо интервенирање при евентуално случување на пожари и ќе се зголеми ефикасноста при нивното гасење. Инаку, одлуката на Советот беше поддржана од 10 советници, додека советниците од редовите на опозицискиот СДСМ гласаа против донесувањето на истата.