ВО ТИМЈАНИК ОТВОРЕН ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА СТАРИ ЛИЦА PDF Печати
   Пензионерите од Тимјаник, но и останатите повозрасни  жители на ова село, од денеска на располагање имаат пријатно катче каде  можат во одмор и релаксација да поминуваат дел од слободното време. Имено, во функција е ставен и веќе започна да функционира Дневниот центар за стари лица во Тимјаник кој се простира на површина од над 150 метри квадратни и располага со 5 простории, санитарии и помошни простории –простор кој се смета дека е доволен да ги задоволи потребите на пензионерите и возрасните лица од Тимјаник. За потребите од непречено функционирање на овој дневен центар за стари лица ангажирани се 2 стручни лица кои во рамките на извршувањето на работните обврски ќе им излегуваат во пресрет на барањата на лицата кои ќе престојуваат во овој Дневен центар.