ДОДЕЛЕН 100-ТИОТ ВАУЧЕР ЗА НОВОРЕНО ДЕТЕ PDF Print
There are no translations available.

   На пригодна свеченост што се одржа во големата сала на општината, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов го додели јубилејниот 100-ти ваучер за новородено дете во рамките на третото доделување  на овој вид еднократна помош кое започна од месец септември. Имено, денеска градоначалникот Апостолов додели вкупно 37 ваучери на родители кои во изминатите два месеца-јануари и февруари имале принова во семејството, со што, со предходно доделените за месеците септември и октомври и ноември и декември, се стигна до бројка од 100 доделени ваучери за стимулирање на наталитетот на подрачјето на општина Неготино. Градоначалникот истакна дека се остваруваат предвидувањата базирани на статистички податоци дека годишно во неготинска општина се раѓаат околу 200 бебиња, за што од општинскиот Буџет ќе бидат издвоени средства во висина од околу 1,5 милион денари. Апостолов на сите присутни им ги честиташе приновите во семејство, а тие, задоволни од добиените ваучери, изразија јавна благодарност за поддршката што ја добија од градоначалникот и општина Неготино.