ЗАПОЧНА ПАРТЕРНОТО УРЕДУВАЊЕ НА ЦЕНТАРОТ ВО ДОЛНИ ДИСАН PDF Print
There are no translations available.

  Директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и престедателот на месната заедница Тони Ризов со поставување на камен-темелник го означија започнувањето на градежните работи за партерно уредување на централното подрачје во Долни Дисан. Станува збор за спроведување на проектот за партерно уредување на центарот преку Програмата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој и мерката за обнова и развој на селата во делот на инвестиции за изградба и реконструкција на плоштади, зелени површини или шеталишта во рурални средини. Вкупниот буџет изнесува 7.700.000 денари од кои 6.500.000 се обезбедени од Агенцијата, а останатиот износ од 1.200.000 денари е обезбеден од Буџетот на општина Неготино. Предвидено е поставување на бекатон коцки, хортикултурно уредување на просторот, поставување на урбана опрема и клупи за седење, скали, жардинерии и се останато што ќе придонесе за доловување на еден урбанизиран ефект. Градоначалникот Апостолов потенцираше дека реализацијата на овој проект претставува континуитет на предходно спроведените проекти со кои беа уредени и асвалтирани централните подрачја во Тимјаник, Војшанци и Курија.