СТАРТ НА ВТОРАТА ФАЗА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТ ТИМЈАНИК – Д.ДИСАН PDF Печати
   По започнувањето на реконструкцијата на првите 3 километри на еден од најфреквентните патни правци во општината од Тимјаник до Д.Дисан, на пригодна свеченост директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов го означија стартот на работите од втората фаза за реконструкција на уште 1, 5 километар од овој патен правец. Инвеститор на реконструкцијата на првите 3 килеметри е Агенцијата за државни патишта со средства во висина од 27.000.000 денари обезбедени од Европската банка за обнова и развој, додека останатите 1,5 километар до Д.Дисан ќе се уредуваат со средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со средства од 14.750.000 денари од кои 10.492.000 ги обезбеди Агенцијата, а општина Неготино учествува со 4.258.000 денари. Градоначалникот Апостолов информираше дека според проектот предвидено е тампонирање, проширување на коловозот од 4,5 на 5,5 метри и потоа асвалтирање на целиот патен правец во должина од 4,5 километри. Директорот Георгиевски информираше дека со средства од Агенцијата на ова подрачје се реконструира и патниот правец Курија-Паликура во должина од 3 километри.