ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА ,, БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ ВО МАКЕДОНИЈА ,, PDF Печати
   Во присуство на голем број посетители во Музејот на град Неготино е отворена изложба на тема Балканските војни во Македонија на авторите проф. д-р Александар Трајановски и проф. д-р Зоран Тодоровски-директор на Државниот архив на Република Македонија. На изложбата, според зборовите на авторите, на вкупно 20 паноа се прикажани документи и фотографии кои се резултат на повеќегодишните истражувања во бугарските архиви и по Куманово, Неготино е вториот град во земјава каде што овие  документи  за прв пат се објавуваат. На дел од фотографиите се прикажани борбени дејствија за времетраењето на првата и втората Балканска војна, фотографии со бегалци, но и документи во кои се наведени имиња на доброволци од Неготино. Изложбата за отворена ја прогласи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој упати јавна благодарност до авторите за вложените напори изложбата да биде достапна и за неготинската јавност, а посетителите на поблизок начин да можат да се запознаат со нескршливиот дух и силната верба на македонскиот народ за создавање на слободна Македонија. Еден од настаните од тој период е Тиквешкото востание од 1913 година кое во Неготино го водело месното население помогнато од четите на ВМРО против тогашната српска власт на ова подрачје.