КОЛЕ СИМЈОНОВ ПО ПЕТТИ ПАТ НАЈБРЗ ДО СВЕТИОТ КРСТ PDF Print
There are no translations available.

   Илјадници граѓани од општина Неготино присуствуваа на одбележувањето на верскиот празник Богојавление- Водици во Македонската православна црква Свети Атанасиј и на чинот на фрлањето и фаќањето на крстот во осветените води на реката Вардар на традиционалната локација Пепелишкиот мост. Десеттина храбри момчиња влегоа во водите на Вардар со надеж дека токму еден од нив ќе биде среќникот кој ќе го фати светиот крст. Оваа година најбрз и највешт беше Коле Симјонов од неготинското село Црвени Брегови на кој, како што изјави, ова му беше осми пат како учествува на овој настан, а по петти пат прв стигнува и го фаќа светиот крст. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов од име на локалната самоуправа на Симјонов му честиташе на успехот и му подари телевизор, а на сите граѓани на општината им упати најубави желби по повод празниците.