ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ЈП ,, КОМУНАЛЕЦ ,, PDF Печати
  ,, Долгорочното решавање на проблемот со водоснабдувањето е најголем приоритет на локалната самоуправа која во координација и соработка со комунално претпријатие реализира активности на повеќе полиња за остварување на зацртаната цел ,, - истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов при работната посета на ЈП Комуналец која меѓу другото ја искористи и  за запознавање со тековните активности во претпријатието од страна на директорката Наташа Лазова. Двајцата соговорници констатираа дека во овој период од годината водоснабдувањето е стабилизирано, а како резултат на тоа дневните редукции или ги нема или пак се многу ретки, што според зборовите на директорката Лазова е поздравено и од страна на крајните потрошувачи –граѓаните. Во моментов од регионалниот водовод Лукар дотекуваат околу 70 литри вода во секунда, а очекувањата се дека по отстранувањето на дефектите на 16 најголеми улици во градот, 80 литри вода во секунда ќе бидат сосема доволни за нормално водоснабдување. Градоначалникот Апостолов информираше дека со поддршка на Владата на РМ, Германската КФВ банка, Светската банка и со средства од буџетот на општината се реализирааат и ќе се спроведат повеќе паралелни проекти со чие завршување се очекува да се постигне крајната цел-граѓаните на Неготино да имаат континуирано и непрекинато 24 часовно водоснабдување.