ВО НЕГОТИНО ДОДЕЛЕНИ 7 РЕШЕНИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ PDF Печати
   Процесот на трансформација на работниот однос во училиштата од определено на неопределено работно време во општина Неготино продолжува и во тековнава 2014-та година. Врз основа на заклучокот донесен од страна на општинската комисија и добиената согласност од Министерството за образование и наука, на пригодна свеченост во неговиот кабинет градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов им додели решенија за трансформација на работниот однос на неопределено време на 7 лица од кои 2 од средното општинско училиште Св. Кирил и Методиј и на 5 лица од основните училишта Гоце Делчев и Страшо Пинџур. Честитајќи им на добиените решенија и посакувајќи им успех во натамошната работа градоначалникот Апостолов потенцираше дека со овој процес значително се олесни добивањето решенија за сите што ги исполнуваат условите за тоа согласно законот, а  целата процедура завршува во најкраток рок, за разлика од порано кога на трансформација се чекаше и до 10-тина години што придонесуваше за постојано присуство на неизвесност кај професорите и наставниците.