ПАРТЕРНО ЌЕ СЕ УРЕДУВА ЦЕНТАРОТ НА СЕЛОТО Д.ДИСАН, НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и техничкиот директор на фирмата Урбан инвест Симон Ѓорѓиев која на јавниот тендер беше избрана за најповолен изведувач го потпишаа договорот за реализација на проектот ,, Партерно уредување на централното подрачје во селото Долни Дисан . Истиот се спроведува преку Програмата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој-мерка обнова и развој на селата во делот на инвестиции за изградба или реконструкции на плоштади, шеталишта во руралните средини и зелени површини. Со проектот ќе се оплемени и уреди центарот на ова неготинско село, при што просторот ќе се искористи како повеќенаменско подрачје кое ќе овозможи мултинаменска функција со хортикултурно уредување, поставување урбана опрема, скали, клупи за седење, жардинерии и друго, односно се она што ќе придонесе за доловување на урбанизиран ефект на самиот простор. Вкупниот буџет на проектот изнесува 7.660.000 денари од кои 6.492.000 се средства обезбедени од АФПЗРР,  а останатиот дел од 1.168.000 денари за ДДВ ги обезбедува општина Неготино од сопствениот буџет.