ОПШТИНА НЕГОТИНО СО ПРОЕКТ ЗА ИЗГРАДБА НА НОВ РЕЗЕРВОАР ЗА ВОДА PDF Print
There are no translations available.

   Стручни лица од проектантската фирма Геос-ем веќе неколку денови се на терен и ги извршуваат неопходните мерења за потребите од изработка на проект за изградба на нов резервоар за вода кој ќе биде лоциран до постоечкиот во близина на Тимјаник. Станува збор за втората фаза од проектот што општина Неготино го реализира со цел за подобрување на состојбите со водоснабдувањето, при што во првата фаза е предвидена комплетна реконструкција на водоводната и канализационата на вкупно 16 улици во градот каде што се констатирани загуби на водата за пиење во водоводната мрежа, додека паралелно ќе се работи и на изградба на резервоарот кој ќе биде со зафатнина од 500 м3 вода. Целта е водата од постоечкиот резервоар да се намени за користење само за жителите на населбата Тимјаник, додека водата од новиот би пристигнувала до домовите на граѓаните кои живеат во повисоките зони во Неготино. Изработката на проектите е финансирана со средства од општинскиот Буџет, додека градежните активности на терен ќе се финансираат со средства од Светска банка.