БАДНИКОВИТЕ ОГНОВИ ГОРЕА И ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати
   Речиси во сите маала на територијата на град Неготино, како и во сите населени места во општината беа запалени бадниковите огнови  каде што голем број граѓани во добро и весело расположение и со чаша греана ракија или вино поминаа пријатна вечер. Централниот оган беше запален во централното подрачје во Неготино на градскиот пазар пред Пензионерскиот дом-место каде што традиционално се одржува овој настан, а меѓу големиот број присутни посетители беше и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Свештени лица од Македонската православна црква Свети Атанасиј извршија осветување на бадниковата погача, а најсреќниот кај кого се падна паричката ќе биде кум на прославата наредната година.