ПРЕКРАСЕН ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ВО НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

   Можеби и најмасовно досега, со присуство на неколку илјади граѓани од општина Неготино, но и од соседните општини, помина заедничкиот дочек на Новата 2014-та година што локалната самоуправа Неготино по петти пат го организираше на градскиот плоштад. Забавата помина во најдобар ред, расположението беше лесно забележливо кај сите присутни, се играше и пееше заедно со гостите кои беа задолжени за создавање позитивна атмосфера, со еден збор-незаборавен дочек на најлудата ноќ во нашиот град. Покрај организацискиот дел,за  се да помине во најдобар ред се погрижија хрватскиот поп-пеач Ален Славица, групата Чардак, како и талентираните и надежни музичари од групата Кој го уби Кени. Кога стрелките на часовникот се поклопија и влеговме во 2014-та година следуваше спектакуларен огномет, а прв Новата година на присутните на плоштадот, но и на сите граѓани на општината, им ја честиташе градоначалникот Ванчо Апостолов.