ПОСТАВЕН КРОВОТ НА ТРПЕЗАРИЈАТА НА ЦРКВАТА ВО НЕГОТИНСКО ВОЈШАНЦИ PDF Печати
   На иницијатива и со средства од месното население, од црквата и од донации, во неготинското село Војшанци интензивно се одвиваат градежните работи за изградба на трпезарија која ќе функционира во склоп на локалната црква Света Петка. Според зборовите на претседателот на месната заедница Благоја Пановски интензитетот на изградбата е диктиран во зависност од собраните средства и досега е изградена карабината, а деновиве беше поставен и кровот на овој објект. Со цел да се запознаат со текот на работите, во Војшанци престојуваа градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и советникот во општинскиот Совет Петар Манчев кои на лице место ги следеа работите околу поставувањето на кровната конструкција. Претседателот на месната заедница Пановски е оптимист оти објектот ќе биде комплетно завршен и ставен во функција до крајот на годината.