НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЧИЊАТА ОД ГРАДИНКАТА ,, ФЕМО КУЛАКОВ ,, PDF Печати
   Сите дечиња кои престојуваат во двата клона  Мајски цвет и Пролет при Детската градинка Фемо Кулаков од Неготино денеска добија новогодишни пакетчиња обезбедени со средства од општинскиот Буџет, а истите им ги врачи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов заедно со вработени од локалната администрација. Дечињата не го криеја одушевувањето од посетата на ,, таткото на градот ,, се заблагодарија на подароците и за присутните изведоа пригодна програма преку која ги искажаа сопствените желби за тоа што тие очекуваат да им донесе Дедо Мраз за најлудата ноќ во годината. Градоначалникот Апостолов не го криеше задоволството од фактот што неговата посета и подароците предизвикаа радост кај децата, на сите нив и нивните воспитувачки и негувателки им ја честиташе Новата година во која им посака да имаат многу здравје, среќа и успех во учењето и работата.