ВО НЕГОТИНО ОТВОРЕНИ КАНЦЕЛАРИЈА И ИНФО-ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ PDF Печати

   Директорот на Агенцијата за енергетика Лазар Гечевски, постојаниот кооординатор на ООН и постојан претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов денеска на пригодна свеченост ги предадоа во употреба канцеларијата за заедничко одделение за енрегетска ефикасност и информативниот центар за потребите на 8-те општини од Вардарскиот плански регион кои се сместени во централното градско подрачје во просториите на Туристичко-информативниот центар Желкова куќа во Неготино. Станува збор за реализација на проект врз основа на предходно склучен договор од страна на градоначалниците на осум општини, кој според зборовите на директорот Гечевски претставува одличен пример за меѓуопштинска соработка за заедничко спроведување на локалните надлежности и препорача примерот да го следат и имплементираат и останатите региони во земјава.

Гечевски рече дека Агенцијата за енергетика речиси секогаш ја истакнува потреба од преземање активности кои би резултирале со заштеда на електричната енергија, подобрување на енергетската ефикасност во општините и користење на обновливи извори на енергија, а паралелно да се работи и на подобро информирање на населението. Претставничката на УНДП во Македонија ги поддржа напорите за намалување на трошоците за енергија и додаде оти УНДП подолг период соработува со општините за промоција на поефикасно користење на енергијата посебно во објекти од јавниот сектор. Градоначалникот Апостолов истакна дека препознавајќи ги очекуваните позитивни ефекти од проектот, воопшто не се двоумел како прв човек на општината во носењето на ослуката без финансиски надомест за потребите на проектот да се отстапи дел од атрактивниот простор во центарот на Неготино. Споменатиот простор е целосно опремен со канцелариски мебел, потребната ИТ опрема, а набавена е и специјализирана опрема за вршење на контрола и мерење на потрошувачката на енергија, за што УНДП издвои 15.000 долари.