И НЕГОТИНЦИ МАСОВНО ЈА ЗАСАДИЈА СВОЈАТА ИДНИНА PDF Печати

   Под мотото ,, Засади здравје, засади здрава иднина ,, голем број граѓани на општина Неготино по 12-ти пат ја засадуваа својата иднина во рамките на акцијата ,, Ден на дрвото-засади ја својата иднина ,, која се спроведуваше на територијата на цела држава. Најпрво, локалната администрација предводена од градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, претставници од установи и институции со асистенција на вработени во локалното комунално претпријатие засадија дрвја во населбата Саат-кула во непосредна близина на новоизграденото повеќенаменско игралиште и реконструираниот детски забавен парк, каде што во блиска иднина ќе се градат и тениски игралишта, со што ќе се заокружи спортско-забавниот комплекс кој пак ќе биде опкружен со дрвја и останато зеленило. Веднаш потоа стотици граѓани се упатија на локалитетот Големо брдо на 10 километри оддалелеченост од Неготино каде што се одвиваше центѕралниот настан на пошумување на тој простор. Во акцијата се вклучи и неколку дрвја засади и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски кој истата ја оцени како мошне успешна и корисна и со која се придонесува за спротиставување на климатските промени, загадувањето и глобалниот раст на индустријализацијата.