НЕГОТИНО ИЗГОТВУВА ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов оствари работна средна со претставник на проектантска фирма која е задолжена за изготвување на основен проект за изградба на водоводна линија, технолошка водоводна линија и фекална и атмосферска мрежа на вкупно 16 улици во Неготино во различна должина од 260 до 1.175 метри кај кои се детектирани дефекти на водоводот кои пак предизвикуваат загуби на водата за пиење која доаѓа до домовите на граѓаните. Како основа за проектот ќе се користат сите расположливи подлоги од кои можат да се добијат потребните информации за микролокациите на просторот, геотехничките услови и законската и техничката регулатива. Инаку, реализацијата на овој проект е врз основа на добиените податоци од извршената анализа и изработената студија од страна на стручна фирма која изврши детални испитувања на состојбите со водоводната мрежа и констатираше голем број на дефекти кои придонесуваат за создавање на загубите од вода и до 70 отсто. Според зборовите на градоначалникот Апостолов, реконструкцијата на водоводната мрежа и евентуалната изградба на резервоар драстично поголем од постоечкиот ќе се финансираат со обезбедени средства од Германската KFV и доколку бидат одобрени и со средства од Светската банка.