ЗАБРЗАН ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ-ВЕТИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НЕГОТИНО АПОСТОЛОВ PDF Печати
   ,, Моја најголема желба е да раководам со општина во која ќе живеат среќни и задоволни граѓани кои ќе можат сами преку работен ангажман да ја обезбедуваат сопствената егзистенција и да се грижат за своите семејства, па во таа насока ќе бидат моите заложби за градење на сигурна и економски стабилна заедница. Токму затоа, мој и приоритет на локалната самоуправа е создавање услови за брз локален економски развој преку привлекување домашни и странски инвестиции, отворање нови производствени капацитети и создавање работни места за сите заинтересирани неготинци кои бараат работа ,,. Ова меѓу другото го истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов во пригодниот говор на свечената седница по повод празникот на општината 8-ми ноември кој ги информираше присутните дека две од шесте парцели во Индустриската зона Неготино се продадени на компанија од Русија, а има и сериозен инвеститор кој ќе гради капацитет во проширената Индустриска зона Дуброво и во која се очекува да се вработат околу 500 лица. Кога е во прашање намалувањето на невработеноста, Апостолов додаде дека досега во германскиот гигант Дрекслмајер се вработиле 430 граѓани од општина Неготино со тенденција таа бројка во иднина континуирано да се зголемува.