ДОДЕЛЕНИ НАГРАДАТА И ПРИЗНАНИЈА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати

   Транспортната компанија Емша-шпед од Неготино која е основана во 1999 година, располага со над 200 камиони, има 130 вработени и се вбројува меѓу најуспешните 200 компании во Република Македонија е годинашен добитник на највисоката општинска награда ,, 8-ми ноември ,, која се додели по повод 69-годишнината од ослободувањето на Неготино на свечената седница на општинскиот Совет. Континуитетот во работењето, отворањето нови работни места и позитивното работење во услови на сеуште присутна економска криза, беа само дел од причините поради кои се одлучи токму оваа компанија да ја добие оваа престижна награда. Инаку, приснанија им беа доделени на Дрекслмајер мануфактуринг Македонија, земјоделецот Васка Мојсовска, иноваторот Филип Пушкинов, специјалистот радиолог д-р Иван Иванов, докторот по филосовски науки Дејан Донев, Карате клубот Антигона, Културно-уметничкото друштво Јане Сандански и фолклорниот ансамбл Ацо Ѓорчев. Наградите им ги врачи и понатамошни успеси во кариерата им посака градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов.