ПРЕДАДЕНО ВО УПОТРЕБА РЕКОНСТРУИРАНОТО УЧИЛИШТЕ ВО Д.ДИСАН PDF Печати

   Во изминатиот период со средства во висина од 2,7 милиони денари беа изведени зафати со кои подрачното училиште во неготинското село Долни Дисан доби нов и модерен лик, а наставниците и учениците добија подобри услови за одвивање и следење на наставниот процес. Во рамките на градежните работи, се изврши комплетна реконструкција на кровната конструкција со замена на стариот со нов кров со што целосно се елиминирани можностите од протекување во случај на врнежи од дожд и снег што беше честа појава во минатото. Исто така поставена е и нова фасада која целосно го промени ликот на ова подрачно училиште, а изведени се и други поситни зафати со единствена цел за подобрување на условите за одвивање на наставата. Оваа пригодна свеченост се одржа во рамките на одбележувањето на празникот на општина Неготино 8-ми ноември, а реконструираното училиште свечено во употреба го предадоа градоначалникот Ванчо Апостолов, директорката на ООУ Гоце Делчев и претседателот на МЗ Долни Дисан Тони Ризов.