СТАВЕН ВО ФУНКЦИЈА УРЕДЕНИОТ ЦЕНТАР ВО СЕЛОТО ВОЈШАНЦИ PDF Печати

   Во присуство на голем број жители на селото и други гости, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и претседателот на месната заедница Благоја Пановски на пригодна свеченост го ставија во функција комплетно реконструираниот, уреден и асфалтиран центар во селото Војшанци. Во обраќањето пред присутните градоначалникот Апостолов ги искажа своето задоволство од реализацијата на овој проект со чие спроведување во значителна мерка се подобрени условите за живот на месното население. Апостолов потенцираше дека на овој простор извршено и асфалтирање на вкупна површина од 1.800 м2 или асфалтирани се 5 подолги и пократки улици во Војшанци во должина од 300 метри, поставени се бетонски рабници на улиците во должина од 600 метри, а на постоечките тротоари поставени се бехатон плочки на површина од 850 м2. На иницијатива на локалните жители, извршена е комплетна санација и оспособување на постоечкиот бунар во селото кој сега е во функција на жителите. Здоволство од спроведените градежни активности со кои центарот на Војшанци доби нов и современ лик искажа и претседателот на месната заедница Пановски, додавајќи оти се надева дека и во иднина во соработка со локалната самоуправа во Војшанци ќе се реализираат и други проекти од витално значење на тамошните жители.