МИНИСТЕРОТ НАУМОФ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

   Министерот за странски инвестии при Владата на РМ Џери Наумоф во рамките на посетите што ги прави на општините од земјава, а со цел да се запознае и да добие прецизни сознанија за капацитетите со кои располагаат општините, а можат да бидат интересни за потенцијалните инвеститори, оствари работна посета на општина Неготино. Притоа, се сретна и се задржа во краток разговор со градоначалникот Ванчо Апостолов од кого беше информиран дека општина Неготино има подготвено една индустриска зона на површина од 30 хектари во близина на селото Црвени Брегови  која има извонредна местоположба  и покрај која минува автопатот и железницата, а на која од понудени 6 веќе се продадени две градежни парцели за изградба на објекти за откуп, преработка и складирање на земјоделски производи и за објекти од лесната и незагадувачка индустрија. Исто така, градоначалникот го запозна министерот Наумоф дека се работи и на проширување на индустриската зона Дуброво со нови 80 хектари градежни парцели, а имајќи предвид дека на овој простор има и постоечки индустриски капацитети, ќе дојде до заокружување на оваа индустриска зона на површина од 224 хектари. Инаку, во рамките на средбата беше остварена посета и беа разгледани дел од халите на фабриката за кабли Неготино.