НАГРАДЕНИ ЛИКОВНИ ТВОРБИ НА 7 ДЕЧИЊА ОД НЕГОТИНО PDF Печати

   Одличен успех на дечињата кои престојуваат во двата клона на детската градинка Фемо Кулаков од Неготино кои освоија бројни награди за реализирани ликовни творби, а по распишаниот конкурс на тема ,, штедење ,, од страна на една од македонските банки. Имено, од пристигнатите над 1.000 цртежи од дечиња од територијата на цела држава, стручна комисија составена од страна на банката има избрано 20 најдобри цртежи кои добиваат награди, а од нив дури 9 творби се дело на неготински дечиња од кои 7 од градинката, а 2 од основните училишта. По тој повод, денеска наградените дечиња заедно со родителите и воспитувачите од градинката  беа на прием и за својот успех го информираа градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој им честиташе на успехот и го пофали нивниот талент за цртање кој полека, но сигурно, излегува на површина. Инаку, сите дечиња од Неготино кои освоија награди за своите цртежи од банката добија штедна книшка и по 3.000 денари.