ИЗВЕДЕНО ПАНОРАМСКО РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати

   Благодарение на континуираната и одлична соработка што локалната самоуправа Неготино ја има со Армијата на Република Македонија и претставниците на Армискиот полигон Криволак, денеска како продолжение на цивилно-воената соработка беше реализирано панорамско разгледување на општина Неготино и поширокиот регион во радиус од околу 50 километри. За таа цел, Армијата на Република Македонија на располагање стави еден од сопствените хеликоптери со кој на два пати во времетраење од по 15-тина минути се изврши разгледување, а претставниците на локалните телевизии ја искористија можноста да направат панорамски снимки кои во иднина ќе ги користат за сопствените потреби. Меѓу патниците во хеликоптерот беше и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој имаше можност од високо да ја разгледа територијата на општината со која раководи, а полковникот Кире Колевски од воздухопловната бригада на АРМ ја истакна подготвеноста досегашната одлична соработка да продолжи да се одвива и во наредниот период.