Се гради мултифункционално игралиште во населбата Саат-кула PDF Печати

   Течат грдежните активности за изградба на мултифункционалното игралиште во населбата Саат-кула во Неготино. Според основниот проект, во состав на овој спортски комплекс ќе има игралишта за фудбал, ракомет и кошарка кои ќе претставуваат одлична можност младите, и не само тие, дел од слободното време да минуваат во спорт и рекреација.Потребните финансиски средства во висина од 7 милиони денари се обезбедени од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, а покрај изградбата на игралиштата предвидено е поставување на ограда околу нив, како и рефлектори со единствена цел терените да можат да се користат и во вечерните часови.Се очекува работите околу изградбата на мултинаменското игралиште во Неготино да завршат до крајот на тековнава година.