Библиотеката „Страшо Пинџур“ ги прогласи најчитателите во Неготино PDF Печати

   Локалната библиотека „Страшо Пинџур“ од Неготино на пригодна свеченост на која присуствуваше и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов ги прогласи и ги награди најчитателите кои за време на летниот период изнајмиле и прочитале најмногу книги.На читателите кои по извршениот мониторинг за изнајмени и прочитани книги беа прогласени за најдобри од страна на директорката Данаилова и градоначалникот Апостолов им беа доделени дипломи и пригодни награди.За најчитатели од основните општински училишта беа прогласени Кристина Василева, Александра Шијаковска, Даниела Василева, Владанка Тефова и Игно Јанчев, додека од средното училиште Св. Кирил и Методиј библиотеката за најчитатели ги прогласи Кристина Николова и Павлинка Ристова.Во категоријата возрасни за најмногу прочитани книги пригодни награди добија Маргарита Пиштолова и Ана Симонова.