ПРИЕМ ЗА УЛТРАМАРАТОНЕЦОТ СИМОНОВСКИ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ PDF Печати

   Професорот по физичко и здравствено образование Зоран Симоновски кој беше еден од 16-те учесници на ултрамаратонот кој се трчаше од Нова Градишка до Крушево во чест на 6-годишнината од загинувањето на македонската легенда Тоше Проески денеска беше примен од градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов при што во краткиот разговор ги пренесе импресиите од ова , за него, несекојдневно доживување. Симоновски потенцираше дека тој е првиот ултрамаратонец од Неготино кој има земено учество во маратонот и во детали го запозна првиот човек на општината со рутите кои ги трчал заедно со своите колеги,  се до пристигнувањето и поклонувањето пред вечното почивалиште на Тоше во Крушево. Неготинскиот маратонец ја потенцираше и неопходната поддршка од техничкиот организатор професорот Наум Капрачевски и додаде дека благодарение на одличната организација, активностите од маратонот течеле според утврдената динамика. Градоначалникот Апостолов го поздрави успехот на Симоновски, му посака учество и на други вакви и слични манифестации, со порака во истите да се вклучат и други млади заинтересирани граѓани од општината.