ОДБЕЛЕЖАНА НЕДЕЛАТА НА ДЕТЕТО ВО ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ВО НЕГОТИНО PDF Печати
   Како и во изминатите, така и оваа година првата недела од месецот октомвери во двата клона Пролет и Мајски цвет на детската градинка Фемо Кулаков во Неготино беше одбележана со низа пригодни активности во рамките на Одбележувањето на Неделата на детето и Светскиот ден на детето. Дечињата кои престојуваат во клонот Пролет во рамки на одбележувањето на Неделата на детето беа посетени и му посакаа добредојде во, како што самите рекоа, нивниот втор дом на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој извесен период беше во градинката, помина дел од слободното време со воспитно-образовниот кадар и се запозна со условите за престој во градинката. Во таа прилика, од име на општината градоначалникот Апостолов на градинката и донираше средства во висина од 30.000 денари кои според директорката Весна Нцева ќе бидат наменети за набавка на дидактички материјал кој ќе им служи на повеќе генерации дечиња кои ќе посетуваат градинка. Инаку, активности од Неделата на детето имаше во двете градинки во Неготино и трите градинки во населените места.