АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА НА ЛОКАЛИТЕТОТ ,, БЕЛА ЗЕМЈА ,, КАЈ НЕГОТИНО PDF Печати
   Археолошките истражувања и ископувања на територијата на општина Неготино продолжуваат на локалитетот Бела земја во близина на селото Пепелиште. Стручен тим на археолози од Институтот за археологија при Универзитетот Свети Кирил и Методиј од Скопје во соработка со локалната самоуправа и Музејот на град Неготино започнаа со изведување на научно-истражувачка дејност на овој локалитет со претпоставка дека овде постои наоѓалиште на објект кој што датира од античкиот период. Од досегашните истражувања нивните претпоставки се покажаа како делумно точни бидејќи веќе се пронајдени археолошки докази за нивната теорема. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој го посети локалитетот и се запозна со текот на работите истакна дека му е посебно драго што општината претствува територија која што е привлечна за научните истражувачи од земјава и странство од областа на културното наследство. Тој додаде дека поддршката што локалната самоуправа ја дава за археолошките ископувања е од посебна важност за оваа дејност од причина што таа претставува основа на секоја научна анализа и синтеза кои ја определуваат и илустрираат антиката во регионот на неготинска општина.