ВО НЕГОТИНО СЕ РЕАЛИЗИРАШЕ АКЦИЈАТА ,, МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД ,, PDF Печати

   Стотина ученици  и наставници од двете општински основни и од средното училиште, вработени во локалното комунално претпријатие, Центарот за управување со кризи, Центарот за посебни потреби Порака, друштвото Рециклинг и други активисти зедоа активно учество во реализацијата на проектот ,, Македонија без отпад ,, која се спроведе на територијата на општина Неготино во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата ,, Ајде Македонија ,,. Спроведувањето на проектот придонесе да се исчисти отпадот кој се наоѓаше на несоодветни места во околината, да се развие свеста кај населението за правилно управување со отпадот и да се развие механизам за поддршка на граѓаните и засегнатите групи за подобро и поефикасно справување со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во општината. Во реализираната акција предмет на чистење беа просторот околу спортско-рекреативниот центар Младост, спомен-костурницата, влезот и излезот на градот и на главните сообраќајници –улиците Маршал Тито и Партизанска, просторот пред и околу основните и средното училиште, парковските површини во градот, по што целокупниот собран отпад беше кренат и однесен на соодветно место од одговорните во ЈП Комуналец. Исто така, со ангажирање на соодветна механизација, се изврши расчистување на дива депонија на дел од локалниот патен правец Неготино- Курија.