С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
   Локална самоуправа Неготино во пресрет на одбележувањето на општинскиот празник 8-ми Ноември ги информира сите заинтересирани правни и физички лица дека до надлежната комисија можат да доставуваат предлози за доделување на наградата и признанијата по повод 8-ми ноември. Сите заинтересирани можат да доставуваат предлози за највисоката општинска  награда 8-ми ноември за животно дело, за признанија по повод општинскиот празник, како и за признанието почесен граѓанин на општина Неготино. Со предлозите потребно е да се достави и кратко образложение за предложените кандидати и институции, предлозите ќе бидат разгледани од страна на надлежната комисија, по што конечната одлука за годинашните добитници на наградата и признанијата по повод 8-ми ноември ја донесуваат советниците во Советот на општина Неготино. Предлозите во писмена форма можат да се доставуваат во општина Неготино најдоцна до 21 овој месец, понеделник.