ТУРСКИ БИЗНИСМЕНИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ДА ИНВЕСТИРААТ ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати
   Делегација составена од турски стопанственици од општина Ќемал паша – Измир предводена од успешниот бизнисмен Ридван Уретан  денеска остварија работна средба со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на која јавно го презентираа интересот да инвестираат во неготинска општина. Конкретно, турската бизнис делегација е заинтересирана да гради откупно-дистрибутивен центар за откуп, рпеработка, складирање и дистрибуција на земјоделски производи-дејност со која тие се занимаваат и во родната Турција каде што располагаат со површини под цреши, праски и црни сливи – култури кои планираат да ги одгледуваат и во Македонија, за што пак имаат намера да купат и земјоделско земјиште. Градоначалникот Апостолов истакна дека евентуалниот влез на оваа турска инвестиција ќе овозможи повеќе бенефиции за локалното население и тоа како во делот на вработување, така и во производството и  откупот на земјоделски производи карактеристични за ова поднебје. Гостите од Турција беа запознати и со други локации кои општина Неготино им ги нуди на потенцијалните инвеститори за изградба на винарии и капацитети од лесната и незагадувачка индустрија.